Во Сосиедад се беше готово за половина час

25.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Сосиедад се беше готово за половина час

Како најава за вечерашната мега пресметка во шпанската Примера помеѓу екипите на Реал Мадрид и Барселона, се одигра и дуелот помеѓу Реал Сосиедад и Леванте.

Истиот заврши со победа на домаќинот од 2:1, во дуел во кој што се интересно се случи во првите половина час.

Поточно, ОСкарсон го доведе Сосиедад во водство уште во шестата минута, за да Перез изедначи во 22. минута. Пет минути подоцна, односно во 27. минута Тириентес реализираше повторно за домашно водство, овојпат од 2:1, што се покажа подоцна и како конечен резултат.

Сосиедад е петти на табелата со оваа победа, прокнижувајќи веќе 19 бодови на контото, додека Леванте е ма 14. место со десет поени од исто толку мечеви.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата