Во Ливерпул доаѓа еден од најголемите таленти на Австрија

28.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Ливерпул доаѓа еден од најголемите таленти на Австрија

Во моментов играчот на тимот на Австрија Виена, 198 сантиметри високиот стопер Ифеани Ндукве, станува дел од тимот на Ливерпул, кој што го купува еден од најголемите таленти на австрискиот фудбал.

Ифеани Ндукве е искучително квалитетен и талентиран млад дефанзивец кој што има 17. години и кој што веќе игра за вториот тим на Австрија Виена, собира сениорско искуство во третата лига.

Неговиот потенцијал е огромен, па Ливерпул тоа го препознава и го носи во своите редови.

Ифеани Ндукве е и тоа како познато име за скаутите ширум Европа, бидејќи тој беше клучна фигура за австриската репрезентација до 17 години, која стигна до финалето на последното Светско првенство во оваа возрасна група.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата