Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека германскиот репрезентативец Флоријан Вирц се вратил на тренинзите и би можел да настапи на натпреварот од ФА Купот против Вулверхемптон во петок.
Вирц не играл откако се повреди на загревањето за победата од 1-0 над Нотингем Форест пред две недели. Тој не можеше да учествува и во срамниот пораз од Вулверхемптон оваа недела, но тимовите повторно се среќаваат утре во осминафиналето од ФА Купот.
Вирц се врати на тренинг вчера. За утре малку е веројатно дека може да биде стартер, но сигурно ќе биде на клупата. Александар Исак, Конор Бредли, Ватару Ендо, Џовани Леони и Стефан Бајчетиќ остануваат на списокот на повредени играчи на Ливерпул.

