Винисиус влезе во војна со навивачите: По свирежите на „Бернабеу“ ја смени сликата од Реал на Инстаграм

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Винисиус влезе во војна со навивачите: По свирежите на „Бернабеу“ ја смени сликата од Реал на Инстаграм

Реал славеше на последниот натпревар против Севиља со 2-0 на домашен терен, но главната приказна на натпреварот беше исвиркувањето на бразилскиот напаѓач Винисиус од домашните навивачи.

Вини беше капитен на натпреварот против Севиља, но навивачите на Реал се лути на него поради однесувањето за време на неодамнешната криза на Реал. Тимот го загуби врвот во Ла Лига, а во тој период, Винисиус предводеше бунт против тренерот Чаби Алонсо. Навивачите на Реал јасно покажаа на чија страна се. Против Севиља, тие го исвиркаа Винисиус на почетокот на натпреварот и во 83-тата минута, кога Бразилецот беше заменет со Гонзало Гарсија.

Лут на свирежите, Бразилецот ја промени својата профилна слика на Инстаграм кратко по завршувањето на натпреварот. Само десет минути по последниот свиреж на судијата, сè уште во соблекувалната, тој ја отстранил фотографијата на која држи дрес на Реал Мадрид и ја заменил со слика од натпревар во дрес на бразилската репрезентација.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата