Вини усно го прифатил новиот договор, па сега бара повеќе пари

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вини усно го прифатил новиот договор, па сега бара повеќе пари

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор би можеле да продолжат со преговорите за продолжување на договорот дури следното лето. Минатиот мај беше објавено дека мадридскиот клуб е блиску до потпишување на нов договор со бразилскиот крилен напаѓач, но преговорите потоа застанаа. Според ESPN и денеска нема никаков напредок.

Еден извор тврди дека има некаков устен договор кој на играчот му нуди 20 милиони евра годишно, заедно со 10 милиони евра бонуси. Сепак, на хартија нема ставено ништо.

Реал Мадрид, од своја страна, потврди дека бил постигнат устен договор, но тој не бил спроведен, оставајќи го раководството со чувство дека претставниците на играчот не го одржале својот збор. Еден комплицирачки фактор во преговорите се бонусите што Килијан Мбапе ги доби по трансферот во Мадрид. Бразилецот сака да заработува исто како Французинот.

Тековниот договор на Винисиус е со важност до 2027 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата