Веќе нема дилеми, овој Баерн е најдобриот Баерн во историјата!

16.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Веќе нема дилеми, овој Баерн е најдобриот Баерн во историјата!
ФОТО: FC Bayern München/FB

Како ја завршија 2025 година, така ја започнаа и оваа 2026 година. Играчите на Баерн го победија Келн на гостински терен со 3:1 во 17-то коло од Бундеслигата и со тоа импресивно ставија крај на полусезоната во домашното првенство.
Играчите на Винсент Компани се брутално доминантни, а бројките велат дека оваа полусезона е најдобрата што Баварците ја одиграле во Бундеслигата.
Баерн освои дури 47 бода на 17 натпревари, што значи дека загубија само четири бода (запишаа 15 победи и два нерешени натпревари). И сето тоа го направи со импресивна гол-разлика од 66:17.
Рекордната полусезона досега беше онаа од сезоната 2013/2014, кога Баерн го предводеше Пеп Гвардиола.
Тогаш беа освоени и 47 бода, но гол-разликата беше послаба (+35).
Баерн моментално има 11 бода повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, а таква предност на половина од првенството никогаш не е изгубена во историјата на Бундеслигата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата