Вакцината против жолта треска им забрани на тројца играчи на Атлетико да играат за Аргентина!

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вакцината против жолта треска им забрани на тројца играчи на Атлетико да играат за Аргентина!
ФОТО: AFA - Selección Argentina/FB

Како што пренесуваат медиумите во Аргентина, дури четворица играчи се отстрането од првобитниот список на селекторот Лионел Скалони, за пријателската средба со Ангола на гости. Енцо Фернандез од Челзи има оток на десното колено и тој затоа нема да игра на овој меч, а тројца играчи на Атлетико Мадрид, и тоа Алварез, Молина и Симеоне, се надвор од списокот поради една бизарност.

Имено ситре тројца не успеале навреме да добијат вакцина против жолта треска, и затоа нема да бидат дел од експедицијата на светскиот првак на мечот со Ангола кој се игра на 14 ноември (петок).

Без примена таква вакцина едноставно не може да се влезе во таа земја.

По ова дополнителен повик доби Кевин МекАлистер, брат на ѕвездата на Ливерпул, Алексис МекАлистер.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата