Тренерот на Арсенал, Микел Артета со денешната убедлива победа од 5:1 против екипата на Манчестер Сити оствари уникатен рекорд кој освен него го имаат остварено уште и Јирген Клоп и Томас Тухел.
Имено шпанскиот стратег е трет тренер во историјата кој нема пораз на 5 последователни натпревари против екипа предводена од Пеп Гвардиола. Во последните 5 натпревари Арсенал забележа 3 победи и 2 нерешени против Манчестер Сити предводен од славниот Гвардиола. Освен него и Томас Тухел и Јирген Клоп го имаат ова достигнување во периодот од 2016 до 2021 и од 2021 до 2022.