Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

УЕФА со демант за знамето на Голема Унгарија – ќе има санкции!

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска одговори на тврдењето на Унгарскиот фудбалски сојуз дека дала дозвола унгарските навивачи да го користат знамето на Голема Унгарија на натпреварите.

УЕФА дури и се закани на Унгарија со санкции, објави ХИНА.

„На наше изненадување, најдовме информации во медиумите дека УЕФА дозволила употреба на такви знамиња или транспаренти на нивните натпревари. За да се избегне каква било забуна, би сакале да појасниме дека УЕФА никогаш не го дозволила тоа. 

„Употребата на такви транспаренти и знамиња може да доведе до дисциплински мерки. Затоа, силно препорачуваме да преземете соодветни мерки за да спречите појавување на овие знамиња/транспаренти на натпреварите. Во спротивно, надлежниот дисциплински комитет на УЕФА ќе преземе мерки“, се вели во соопштението на УЕФА. 

Тоа е знамето на кое, според Унгарија, се исцртани античките државни граници, а во него се вклучени и области кои денес припаѓаат на Србија, Романија, Украина, Хрватска, Словачка, Австрија и Словенија.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ