Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

7.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

Селекторот на фудбалската репрезентацина на Англија, Томас Тухел за квалификациските мечеви против Албанија и Србија на својот список стави имиња кои ја изненадија јавноста на Островот.

Адам Вортон првотимецот на Кристал Палас се најде на неговиот список, а тој досега има добиено само еден повик,  и тоа во 2024 година.

Од друга страна, Алекс Скот од тимот на Борнмут е дебитант во националниот тим.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, се враќа откако го пропушти кампот во октомври, додека Фил Фоден и Нико О’Рајли од Манчестер Сити исто така наоѓаат место меѓу избраните на Томас Тухел.

Голмани: Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд (Евертон), Ник Поуп (Њукасл Јунајтед)

Одбрани: Ден Бирн (Њукасл Јунајтед), Марк Геахи (Кристал Палас), Рис Џејмс (Челзи), Езри Конса (Астон Вила), Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Џерел Кванса (Баер Леверкузен), Џед Спенс (Тотенхем), Џон Стоунс (Манчестер Сити)

Среден ред: Елиот Андерсон (Нотингем Форест), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Џордан Хендерсон (Брентфорд), Деклан Рајс (Арсенал), Морган Роџерс (Астон Вила), Алекс Скот (Борнмут), Адам Вортон (Кристал Палас)

Напаѓачи: Џеред Бовен (Вест Хем Јунајтед), Еберечи Езе (Арсенал), Фил Фоден (Манчестер Сити), Ентони Гордон (Њукасл Јунајтед), Хари Кејн (Баерн Минхен), Маркус Рашфорд (Барселона), Букајо Сака (Арсенал)


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата