Екипата на Сандерленд денес на „Вембли“ успеа да стигне до пласман во Премиер лигата следната сезона, откако славеше со пресврат од 2:1 против екипат ана Шефилд Јунајтед.
Големиот камбек на „црните мачки“ дојде во второто полувреме. Шефилд денес беше подобриот противник, имаше неколку шанси, постигнаа втор гол (кој беше дискутабилно поништен), беа на дофат на 2:0 во неколку ситуации, и на крајот – загубија!
Кембел ги донесе фудбалерите на Шефилд до водство од 1:0, а пресвртот на Сандерленд го најави во 76. минута со голот на Мајенда.
Длабоко во судиското продолжение една голема грешка на средината направија фудбалерите на Шефилд Јунајтед, а тоа го искористи младиот Вотсон кој погоди за 1:2.