Италија повторно нема да игра на Светско првенство, беше елиминирани после пенали од Босна и Херцеговина во Зеница.
„Цела ноќ око не склопив, сè уште не можам да поверувам што се случи“, рече Капело, додавајќи:
„Зборуваме за четирикратен светски шампион, ова е спортска трагедија, срам. Ова е едно од најлошите нешта што му се случиле на италијанскиот фудбал во неговата понова историја.“
Потребни се промени.
„Никој не поднесува оставка тука, и тоа е најзагрижувачкото. Првата личност што треба да ја преземе одговорноста е претседателот на федерацијата, заедно со целиот одбор на директори.“
Италијанците ќе го пропуштат Светското првенство по трет пат по ред.
„Италија е во жалост. За таква фудбалска земја, да се биде надвор од натпреварувањето по трет пат е нешто што е многу тешко да се прифати“, рече Капело.

