Триумфално враќање на Барселона на „Камп Ноу“

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Триумфално враќање на Барселона на „Камп Ноу“
фото: FC Barcelona (X)

Победничко враќање на Барселона на Камп Ноу. Каталонците со сериозно убедлив триумф од 4:0 се вратија на својот стадион и остварија победа пред повеќе од 45.000 навивачи кои дојдоа да го проследат денешниот меч од новото коло во Ла Лига.

Барса поведе во 4-тата минута со голот на Левандовски, а кон крајот на првиот дел видовме брилијантен момент од Ламине Јамал ​​кој му ја додаде топката на Феран Торес, кој излезе еден на еден со Симон и ја реши ситуацијата за 2:0.

Уште еден гол токму на почетокот од второто полувреме, Фермин Лопез погоди за 3:0, а конечните 4:0 беа дело на Феран Торес со својот втор гол кон крајот на мечот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата