Тренигот на Бразил прекинат од дрон (ВИДЕО)

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тренигот на Бразил прекинат од дрон (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил е приказна за себе. Кога таа има собир, предизвикува огромно внимание, и покрај фактот што во моментов е далеку од најдобриот состав на планетава.

Таа во моментов се подготвува за квалификацискиот дуел против Колумбија, а последниот тренинг беше прекинат поради дрон кој леташе над игралиштето. Обезбедувањето, полицијата, како и сите одгогорни веднаш реагираа, го неутрализираа леталото, како и момчето кое што го управуваше истото.

И покрај шпекулациите, и теориите дека е пратен од страна на репрезентацијатра на Колумбија, и дека е своевиден шпиун, сепак, тој на крајот изјавил дека е само обичен навивач кој што сакал да биди како тренираат најдобрите фудбалери на Бразил, ништо повеќе.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата