И во последните 24 часа и тоа како е интересно на трансфер – пазарот во најсилните лиги во Европа. Сепак “бомбата“ е Кол Палмер. Имено се појавија информации дека офанзивецот не е задоволен во Челзи и дека сака да се врати во Манчестер, ама не во Сити туку во Јунајтед, тим за кого навивал како мал.
Манчестер Јунајтед му ја расипува работата на Ливерпул за Адам Вартон од Кристал Палас. Клубот од “Олд Трафорд“ нуди 115 милиони евра за играчот за врска, еден од најдобрите во ПЛ на таа позиција.
Чуамени во Ливерпул? Па, и не е неможно. За тој трансфер да се оствари потребно е да му се плати на Реал Мадрид најмалку 100 милиони евра.
Трент Александер – Арнол и натаму е топ – тема. Последните информации велат дека некогашната мега -ѕвезда на Ливерпул, а сегашен член на Реал е се поблиску до Сити.

