Трансфер во најава: Дарвин повторно во тандем со Салах?!

13.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трансфер во најава: Дарвин повторно во тандем со Салах?!
ФОТО: FC Liverpool/FB

Дрвин Нуњез сака да оди во Трабзон каде што го чека Мохамед Салах! Еден од најдоверливите турски новинари, Јагиз Сабунџуоглу, потврди дека Трабзон ги постигнал сите лични услови со Дарвин, и дека сега останува клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.
Иако пристигна како големо засилување од Ливерпул за 53.000.000 евра, една година подоцна, Симоне Инзаги не смета на него.
Дарвин одигра 24 натпревари за Ал Хилал, постигнувајќи девет гола и регистрирајќи пет асистенции, па затоа не е неочекувано што е на трансфер листата.
Интересно е што Мохамед Салах, поранешен соиграч од Ливерпул, кој неодамна пристигна во турскиот клуб како слободен агент, го чека во Трабзон.
Ако на тоа додадеме дека Душан Влаховиќ го засили Бешикташ, а Ромелу Лукаку – Фенербахче, јасно е дека турската лига ќе биде следена повеќе од кога било.
Исто така, очекуваме и некои понатамошни потези од Галатасарај, кој го бара Габриел Мартинели од Арсенал, а веќе го има Виктор Осимен…


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата