Трагедија во Грција… почина млад фудбалер за време на натпревар

29.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Грција… почина млад фудбалер за време на натпревар

Грчките медиуми попладнево јавуваат за голема трагедија. На локален натпревар на островот Тасос, во рамките од меч организиран од Опшринскиот Фудбалски Сојуз на Кавала, почина 16. годишниот фудбалер Аслан Џана, инаку по потекло од Албанија.

Тој на дуелот помеѓу екипите на  Виронас Кавала и Ајантас Панагија, при еден воздушен дуел загубил рамнотежа, и удрил со глава во оградата која што очигледно била премногу блиску до аут линијата.

Лекарскиот тим веднаш реагирал, набргу пристигнала и брзата помош, по што младиот фудбалер бил пренесен во локалната болница. Повредата на главата била тешка, бил ставен на интензивна нега, и за жал, утринава починал.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата