Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Тотенхем ќе реагира: Нагелсман на местото на Конте

24 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По сериозните критики на Антонио Конте кон управата и фудбалерите, разнижано е столчето на италијанскиот стратег. Јавноста вели дека клубот нема да му прости и ќе го отпушти, а им се погоди и тоа што германскиот стратег Јулијан Нагелсман е сменет од тренерската позиција во Баерн.
Раководството на германскиот шампион решило да го тргне младиот стручњак и да го ангажира Томас Тухел.
Па „Според Ивнинг Стандард“, Нагелсман би можел да седне на клупата на Тотенхем и да го замени Конте. Во текстот се наведува дека Конте би ја доработил сезоната и потоа би си заминал, па Нагелсман ќе седне на клупата.
Баерн се пласираше во четвртфиналето на ЛШ по победата над ПСЖ, а во домашното првенство се уште води трка за титулата. Неофицијално, одлуката за смена на младиот стручњак е поради несогласувања со управата и со играчите.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ