Тотенхем го врати Скарлет од позајмица

20.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тотенхем го врати Скарлет од позајмица

Тотенхем го отповика напаѓачот Дејн Скарлет од неговата позајмица во Оксфорд Јунајтед, откако остана без Доминик Соланке поради повреда на коленото. Младинскиот репрезентативец на Англија постигна четири гола на 20 натпревари за Оксфорд во Чемпионшип, а сега е повторно вратен во неговиот матичен клуб.

Според менаџерот на Спарс, Ангелос Постекоглу, Соланке ќе паузира „неколку недели“ поради повредата поради која исто така го пропушти неделниот пораз од Евертон со 2:3 во Премиер лигата.

Скарлет само седум пати беше во стартниот тим на Оксфорд во годинешнава сезона. Тој е дете на Тотенхем, младински репрезентативец на Англија кој што одамна дебитираше за првиот тим уште во 2021.

Скарлет беше позајмен на Лига 1 во Портсмут за сезоната 2022/23 пред да помине дел од минатата сезона со Ипсвич.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата