Торино со гостинска победа кај Сасуоло

21.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Торино со гостинска победа кај Сасуоло

Во вториот дуел од денешната програма во италијанската Серија А, тимот на Торино забележа гостинска победа кај тимот на Сасуоло од минимални 0:1.

Клучниот момент на дуелот се случи во  66. минута од мечот кога Никола Влашиќ погоди од белата точка за гостинско водство, што подоцна се покажа дека е и конечно.

Торино со оваа победа бега од долниот дел од табелата и стигна до 20 бодови, додека Сасуоло е десетти со бод повеќе.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата