Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем во дербито на Северeн Лондон со 4:1 во рамките на 12-тото коло од Премиер лигата. Херој на Арсенал беше Еберечи Езе кој постигна хет-трик, со головите во 41-та, 46-та и 76-та минута, додека Леандро Тросар го постигна првиот гол за домашните. Единствениот гол за гостите го постигна Ричарлисон во 55-та минута.
Арсенал сега ја зацврсти својата лидерска позиција со 29 бода, шест повеќе од Челзи и седум повеќе од Сити, додека Тотенхем сега е само деветти со 18.
Во првото полувреме, Тотенхем не само што не успеа да се закани, туку не упати ниту еден удар кон голот на домашните, додека Арсенал имаше 68% посед на топката и водство од 2:0.
Иако Томас Франк направи замена на полувремето и го внесе Чави Симонс во игра, токму кога започна вториот дел, Езе го постигна вториот гол за резултат од 3-0.
Но, потоа сосема неочекувано, од првиот удар кон голот и од речиси половина терен, Тотенхем се врати во натпреварот. Во 55-тата минута, Палиња се лизна и ја исфрли топката до Зубименди, а Ричарлисон виде дека Раја е далеку од линијата и го лобуваше од четириесет метри за 3:1.
Се беше готово во 76-тата минута кога Езе го комплетираше хет-трикот.

