„Топчиите“ ја прославија и десеттата победа, голеада на „Амекс“ и победа на Вила (ВИДЕО)

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Топчиите“ ја прославија и десеттата победа, голеада на „Амекс“ и победа на Вила (ВИДЕО)

Лидерот во Премиерлигата, екипата на Арсенал оствари уште една победа, десетта сезонска, откако вечерва на домашен терен славеше со 2:0 над екипата на Брентфорд и се одлепи на пет бода разлика пред второпласираниот Манчестер Сити. Момците на Микаел Артета покажаа уште една исклучително стабилна игра во која постигнаа по едне гол во двете полувремиња за конечен успех.

Првиот гол беше дело на Мерино во 11. минута, додека одлуката за победата ја потврди Сака со погодокот во првата минута од судиското продолжение.

Неверојатно возбудлив меч се одигра на „Амекс“, каде екипата на Астон Вила дојде до победа над Брајтон од 3:4. Домашните поведоа со 2:0, но следуваше жесток одговор од гостинската екипа. Момците на Емери со два гола на Оли Воткинс успеаја да израмнат на 2:2 и со овој резултат да одат на пауза.

Во вториот дел Астон Вила ја продолжи серијата и преку Онана и Мален дојде до 2:4. Брајтон не се предаде и со вториот гол на Ван Хеки успеа да намали на 3:4.

Минимални победи остварија Нотингем Форест на гости кај Вулверхемптон и Кристал Палас како гостин на мечот со Барнли. И двата меча завршија со гостински победи од 0:1.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата