Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Тен Хаг: Имаме добра можност да освојуваме трофеји, неделата ја оставивме зад нас

24.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, вели дека она што се случи во неделниот пораз од Арсенал од 3:2 во неделата, е заборавено и дека тимот мора да продолжи понатаму бидејќи сега им претстои уште еден голем натпревар. Утре „црвените ѓаволи“ се среќаваат со Нотингем Форест, во првото полуфинале на „Карабао купот“. Клубот од „Олд Трафорд“ нема освоено трофеј од 2017 година. 

„Ја оставивме неделата зад нас. Донесовме правилни заклучоци и поуки, но сега мора брзо да одиме напред бидејќи ни претстои голем натпревар. Сите играчи кои не беа достапни за натпреварот на Арсенал нема да бидат достапни ниту за утре. Се работи за освојување, а не за трофеји. Имаме добра можност, но мораме да ги гледаме работите од натпревар во натпревар. Сега имаме два натпревари против Форест, ќе се фокусираме на утрешниот ден. Размислувањето напред само ќе ни го одвлече вниманието. Нашиот тим е уште помотивиран кога игра пред гласна публика и има добра атмосфера“, изјави Холанѓанецот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ