Од она што може да се види како тоа Суперкомпјутерот прогнозира, за тоа кој ќе биде шампион на следните седум Мундијали, тогаш Лео Меси ќе остане на таа една титула од Катар 2022, а Кристијано Роналдо никогаш со Португалија нема да биде шампион на светските првенства.
А еве ја прогнозата на Суперкомпјутерот за наредните седум фудбалски планетарни репрезентативни шампионати.
Познато е дека во 2026 година СП ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а на него ќе триумфира(ла) селекцијата на Бразил.
На она од 2030, кое ќе се одржи во Ј. Америка, Мароко и Шпанија, ќе триумфира Англија! Конечно!
На Мундијалот во 2034, кој најверојатно ќе се одржи во С. Арабија, светски првак ќе биде Шпанија со Ламине Јамал во најдобра форма на 27 години.
На тоа по него, во таа 2038, шампион ќе биде Франција, Мбапе ќе има 39 години и прашање е дали ќе настапи, а потоа во таа 2042 година, фудбалскиот свет ќе биде шокиран од една репрезентација од Африка. А тоа е селекцијата на Нигерија. Суперкомпјутерот вели дека во 2042 “африканските орли“ ќе бидат светски прваци.
Аргентина без Меси ќе биде светски првак во 2046, се разбира ако Лео и на 60 години сеуште игра фудбал, а на Мундијалот во 2050 година првак ќе биде Германија.
Ете тоа се прогнозите на Суперкомпјутерот.