Барселона продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност со својата напаѓачка моќ. По 12 одиграни кола во шпанското првенство, каталонскиот гигант има постигнато дури 48 голови, односно просечно по четири на натпревар.
Подобра голгетерска низа од нив има само Атлетик од сезоната 1930/31 кога постигна 56 гола.
Каталонците досега постигнале 48, а примиле 13 голови, што значи дека имаат гол-разлика плус 35.

