Иако Столе не успеа да ја сочува мрежата, сепак и тоа како помогна неговата Валенсија да слави исклучително значајна победа против силниот Еспањол со 3:2. Така е тоа, Столе на голот на Валенсија со него е во победничка серија.
Ова беше меч од 21.коло во Ла Лига. Македонецот уште еднаш беше на висина на задачата.
Домашните на “Местаља“ поведоа со голот на Дуро во 15.минута, поведоа и со 2:1 со голот на Комерт на почетокот од второто полувреме, но гостите успеаваа да израмна на 1:1 и на 2:2.
Но, во самиот финиш на средбата, Рамазани во таа 90+4.минута од пенал успеа да донесе голема победа во битката за опстанок.

