Столе и Валенсија со пораз кај Бетис!

1.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Столе и Валенсија со пораз кај Бетис!
ФОТО: Valencia C.F/FB

Иако имаше водство од 0:1, сепак Валенсија во меч од 22.коло е поразена на гости кај Бетис со 2:1. Столе Димитриевски одново беше на голот на Валенсија, имаше добар настап, но сепак прими два гола, едниот од пенал, и тоа не по негова вина па затоа тоа може да му биде утеха.

Инаку на 0:0, Пепелу во 13.минута не реализираше пенал, но затоа неколку минути подоцна Риоха донесе водство. Не долго потоа Авиља од пенал, во 23.минута го совлада македонскиот голман и успеа да го израмни резултатот на 1:1.

И тој резултат важеше до 88.минута кога Форналс успеа да ја затресе мрежата на Димитриевски за победа.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата