Столе и Валенсија повторно не успеаја да победат на домашен терен

17.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Столе и Валенсија повторно не успеаја да победат на домашен терен
фото: Valencia CF @valenciacf (X)

Валенсија и Атлетик Билбао ги поделија бодовите во натпреварот од деветтото коло во шпанската Ла Лига, откако на стадионот „Местаља“ одиграа без голови – 0:0. Двата тима не успеаја да ја затресат противничката мрежа, па средбата заврши без победник.

За Валенсија, каде на голот и вечерва стартер беше Столе Димитриевски, која се наоѓа во долниот дел од табелата, освоениот бод не претставува значителен напредок во борбата за излез од резултатската криза. По девет одиграни кола, тимот имаше шест бода и се наоѓаше на 19. место, претпоследен во првенството.

Атлетик Билбао, од друга страна, стигна до деветтиот бод и се искачи на деветтата позиција на табелата. Баскијците не успеаја да ја искористат средбата за целосен плен, но со ремито освоија бод на гостувањето во Валенсија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата