Стигнаа казните: Ридигер суспендиран на шест, Лукас Васкез на два меча

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стигнаа казните: Ридигер суспендиран на шест, Лукас Васкез на два меча

Антонио Ридигер е суспендиран на шест натпревари поради неговото однесување во финалето на Купот на кралот. Во дополнителното време од второто продолжение, судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа го запре нападот на Реал Мадрид, што го налути Антонио Ридигер, кој фрли мраз кон судијата. Поради ова, дефанзивецот беше исклучен.

Десниот бек Лукас Васкез, беше исклучен во 120-тата минута заедно со Ридигер затоа што „протестираа“ против една од судиските одлуки со тоа што „влегоа на теренот неколку метри и направија гестови на несогласување“.

Васкез е суспендиран на два натпревари, а црвениот картон на Белингам беше поништен.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата