Србија без Александар Митровиќ ќе гостува во Англија

26.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија без Александар Митровиќ ќе гостува во Англија
фото: Serbian Football (X)

Искусниот напаѓач и капитен на српската репрезентација, Александар Митровиќ ќе го пропушти дуелот против репрезентацијата на Англија во ноемврискиот квалификационен прозорец поради повреда. Српските медиуми јавуваат дека Митровиќ се здобил со повреда на листот на тренинг со својот клуб Ал Рајан.

„Нашиот фудбалер, Александар Митровиќ, се здоби со повреда на мускулот во левата потколеница. Митровиќ веднаш ќе започне со рехабилитација под надзор на нашиот медицински тим. Му посакуваме побрзо оздравување“ – изјавија челните лица на Ал Рајан.

Ова се нови проблеми за српската репрезентација која што не може да се пофали со добра форма и се наоѓа пред практично невозможна мисија за пласман на СП 2026.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата