“Специјалниот“ е спремен да се врати на “Сантијаго Бернабеу“!

19.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Специјалниот“ е спремен да се врати на “Сантијаго Бернабеу“!
ФОТО:facebook.com/SLBenfica/

Дали на повидок е враќање на Жозе Мурињо во Мадрид? Реал Мадрид веќе бара наследник на Алваро Арбелоа, кој нема да ги предводи „кралевите“ следната сезона. Јирген Клоп, Маурицио Покетино и Дидие Дешамп се меѓу имињата што се поврзуваат, како и Жозе Мурињо. Според португалското издание „Рекорд“, враќањето на „Специјалниот“ на „Бернабеу“ не е исклучено.

Засега нема разговори меѓу двете страни, но сегашниот тренер на Бенфика е позитивен во врска со можното враќање. Мурињо беше главен тренер на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. Изборот на Арбелоа очигледно не успеа, бидејќи се чини дека Реал ќе остане без трофеј втора година по ред. Тој го замени Чаби Алонсо во јануари.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата