Спалети задоволен од играта на Јуве на градското дерби

8.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спалети задоволен од играта на Јуве на градското дерби
фото: JuventusFC (X)

Новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, го оцени настапот на својот тим на натпреварот против Торино (0:0) како добар.

„Не бевме во можност да играме на нивото на кое очекувавме, треба да работиме на тоа. Некои играчи беа уморни, но генерално јас сум задоволен од тимот. Постојано се обидувавме да се движиме напред, дури и со ризик од контранапад. Ди Грегорио одлично одбрани, но цело време ги држевме под притисок“, смета новиот стратег на клупата на „Старата Дама“.

„Давид е многу силен во шеснаесетникот. Влаховиќ имаше некои мали проблеми со грбот, но беше подготвен да игра и беше исцрпен кога го заменив. Можевме да предизвикаме повеќе проблеми со него благодарение на центаршутовите на Жегрова , но Давид е одличен играч во шеснаесетникот“, рече Спалети.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата