Спалети е прогласен за тренер на сезоната во Серија А

1.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спалети е прогласен за тренер на сезоната во Серија А

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е прогласен за тренер на годината во Серија А за сезоната 2022/23.

Наградата ќе му биде врачена пред натпреварот од 38. коло на италијанското првенство каде Наполи на 4 јуни ќе игра против Сампдорија. Наполи оваа сезона стана шампион на Италија за првпат по 1990 година. Скудетото беше трето за тимот во историјата.

Спалети претходно потврди дека го напушта тимот на крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата