Сопствениците на Манчестер Сити би можеле да бидат принудени да го продадат клубот како казна за прекршување на финансиските правила на Премиер-лигата. Вакво барање, според Би-Би-Си, изнеле високи функционери на три клубови од англиската елита, кои сметаат дека секоја друга санкција би била недоволна доколку актуелните сопственици останат на чело на Сити.
Независната комисија во септември утврди дека Манчестер Сити ги прекршувал финансиските правила во периодот од 2009 до 2018 година и не соработувал со истрагата. Сè уште не е донесена конечна одлука за казната, а меѓу можните санкции се парична казна, одземање бодови, одземање освоени титули, па дури и исклучување од лигата.
Независниот фудбалски регулатор (IFR) има законски овластувања да интервенира во сопственичката структура на клубовите, вклучително и да наложи продажба во најсериозни случаи. Сепак, постапката против Сити нема да биде преземена пред да заврши жалбениот процес.

