Слот за Салах: Не знам на кого мислеше кога го кажа тоа…

8.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слот за Салах: Не знам на кого мислеше кога го кажа тоа…
ФОТО: FC Liverpool/FB

И дефинитивно Мохамед Салах, не е во експедицијата на Ливерпул во Милано, каде утре игра со Интер во меч од ЛШ. Веста беше потврдена во понеделник попладне и претставува кулминација на тензијата што се создаде по последното појавување на Салах во медиумите. Кратко по ремито 3:3 против Лидс, Салах отворено го изрази своето незадоволство во интервју за медиумите. Меѓу другото, тој рече дека се чувствува „напуштен“ и „фрлен под автобусот“, и дека повеќе нема никаков контакт меѓу него и менаџерот Арне Слот.
Според информациите од „Скај Спортс“, Арне Слот и Мохамед Салах одржале состанок денеска, а резултатот бил – Салах е привремено надвор од составот.
Арне Слот го потврди истото:
„Тешко ми е да кажам на кого точно мисли кога вели дека бил „фрлен под автобус“. Не можам со сигурност да знам што мислел со тоа.
Само го информиравме дека нема да патува со нас. Тоа беше единствената комуникација од наша страна. Не чувствувам дека нашиот однос е нарушен, но тој има право да се чувствува како што сака. Не добив таков впечаток – барем не до сабота навечер. Кога повеќе не играте со играч, тие обично не се задоволни од тоа, но тој беше многу фер кон тренерскиот персонал и неговите соиграчи. Работеше исклучително напорно на тренинзите. Затоа неговите изјави, кога ги слушнав, донекаде ме изненадија. Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб. Кога играчот ќе каже такви работи, клубот мора да реагира.И, како што можете да видите, тој не е тука!“


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата