Сити без Халанд едвај до победа кај Лутон, Евертон го “реши“ Челси! (ВИДЕО)

10.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сити без Халанд едвај до победа кај Лутон, Евертон го “реши“ Челси! (ВИДЕО)

Манчестер Сити сепак не дозволи сензација кај Лутон и успеа да победи со 1:2, иако далеку потешко од очекувањат. Имено тоталниот аутсајдер поведе со 1:0 со голот на Адебајо во 45+2,. минута па на пауза се замина со водство на домашиниот состав.

Сепак во 62. и 65.минута со двата гола на Силва и Грилиш, тимот на Пеп Гвардиола дојде до заслужена победа. Треба да се каже дека поради повреда на овој меч Сити мораше да игра без Ерлинг Халанд.

Евертон ја продолжи серијата на добри игри резултати, па така попладнево на свој терен успеа со 2:0 да слави против Челси. Стрелци на головите беа Докуре и Добин.

Фулам со 5:0 го “торопедираше“ Вест Хем и освои големи три бода.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата