Синот на Робињо е следното големо нешто од Бразил (ВИДЕО)

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синот на Робињо е следното големо нешто од Бразил (ВИДЕО)

Постарата генерација добро се сеќава каков играќ беше бразилецот Робињо. Човекот кој во моментов е во затвор, и „одработува“ долгогодишна казна, своевремено беше еден од топ петте играчи на светот.

Сепак, малку се знае дека некогашниот играч на Сантос, Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити…. има син кој што го носи неговото име, Робињо Јуниор и кој што во моментов има 17. години.

Веќе дебитираше за тимот на неговиот татко, Сантос, а и за репрезентацијата на Бразил до 20. години.

Европсите гиганти, пред се Интер според бразилските медиуми сериозно размислува за негово купување, како и премиерлигашите Ливерпул и Челси.

Робињо Јуниор нема сеуште постигнато гол за Сантос, иако ја игра позицијата на татко му по левата крилна позиција, но затоа пак три пати се запиша во листата на стрелците за Бразил.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата