Си поднесе оставка пред баражот за пласман на СП!

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си поднесе оставка пред баражот за пласман на СП!

На само четири месеци пред почетокот на дополнителните квалификации за Светското првенство во 2026 година, селекторот на Суринам, Стенли Менцо (62), неочекувано поднесе оставка. Менцо се повлече откако репрезентацијата на Суринам не успеа да обезбеди директно место на Светското првенство, туку наместо тоа ќе игра во интерконтиненталните квалификации во март.
Суринам заврши втор, зад Панама која обезбеди директен билет за Светското првенство, додека Суринам мора да игра во плејофот. Суринам ќе игра против Боливија на турнир во Мексико во март, а победникот од овој натпревар ќе се соочи со Ирак за место на Светското првенство.
Суринам се наоѓа во северниот дел на Јужна Америка и е најмалата земја на континентот, и по површина и по население. Според пописот од 2021 година, околу 600.000 луѓе живеат на 163.000 квадратни километри. Доколку се квалификуваат, тоа ќе биде нивно прво учество на Светското првенство, за кое се обидуваат да се квалификуваат од 1962 година.
„Исклучително сум горд на она што го постигнавме заедно и беше голема чест да бидам дел од ова извонредно патување“, рече 62-годишниот Менцо, поранешен голман на Холандија и Ајакс, кој работел како главен тренер во Волендам, Камбур, Лирс, АФК Амстердам, Пекинг Гуоан…
„Сепак, верувам дека чекор назад е вистинската одлука во овој момент. Искрено им посакувам на играчите, персоналот и менаџментот многу среќа, сила и успех додека го преземаат овој последен одлучувачки чекор во март“, додаде Менцо, кој го предводеше Суринам од март 2024 година и во тој период има забележано девет победи, седум нерешени и шест порази.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата