Швајцарија го објави списокот за дуелот со Македонија

17.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарија го објави списокот за дуелот со Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Мурат Јакин попладнево го објави и официјалниот список на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните мечеви во Лигата на Нациите.

Нас секако не интересира во голема мера ростерот на оваа селекција, затоа што Швајцарија пристигнува во Скопје на мегдан со Македонија на 26.09.2026 година.

Тогаш стартува новата фаза од Лигата на Нациите, во која што Македонија е во силната група заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Швајцарците доаѓаат со најсилниот состав, односно тука се Закарија, Џака, Јашари, Емболо, Родригез, прејада од сериозни фудбалски величини кои што секако беа дел и од последниот Мундијал летово во САД, Мексико и Канада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🇨🇭Nati Men (@swissnatimen)


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата