Штутгарт без проблеми на гостувањето во Менхенгладбах!

25.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Штутгарт без проблеми на гостувањето во Менхенгладбах!
ФОТО:facebook.com/VfB/

Штутгарт како гостин ја победи Борусија во Менхенгладбах со резултат од 3:0 во натпреварот од 19-то коло на германската Бундеслига.
„Швабите“ не загубија во домашното првенство од почетокот на календарската 2026 година, а својата одлична форма ја потврдија на гостувањето кај Менш, кој беше поразен без поголеми проблеми.
Почетокот на натпреварот не најавуваше таков исход бидејќи домашните стигнаа до пенал, но ударот на Табаковиќ од белата точка успеа да го одбрани Нибел.
Тоа како да ги деморализираше момците на Јуџин Полански, а Џејми Левелинг им донесе водство на своите во 30-тата минута, вешто движејќи се низ противничкиот шеснаесетник по еден корнер.
Денес не беше ден на Борусија, тоа се виде и при вториот гол на Штутгарт кога Скали си постигна автогол на несреќен начин по корнер во 67-мата минута.
Прашањето за победникот беше решено седум минути подоцна, Дениз Ундав ја прими топката од Стилер, шутираше од пресвртот и со малку среќа ја затресе мрежата на Николас.
По денешната победа, Штутгарт е на четвртата позиција на табелата во Бундеслигата со 36 бода, додека Борусија Менхенгладбах е 11-та со 20 бода.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата