Шок на „Маракана“: Војводина ја победи Ц. Звезда и го однесе Партизан на врвот

7.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шок на „Маракана“: Војводина ја победи Ц. Звезда и го однесе Партизан на врвот

Фудбалерите на Војводина направија изненадување во натпреварот од 18-то коло од Суперлигата на Србија, бидејќи на стадионот „Рајко Митиќ“  во Белград ја совладаа екипата на Црвена Звезда со 0:1.

Госите го повторија подвигот направен кон крајот на октомври кога ги победи актуелните повеќекратни шампиони на Србија во Нови Сад со резултат од 3:2.

Со вечерашниот пораз, Ц. Звезда му ја отстапи лидерската позиција на Партизан, кој претходно денес победи против Раднички во Крагуевац и има два бода предност пред лутиот градски ривал. Третопласираната Војводина им се приближи на белградските „црвено-бели“ на пет бода.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата