Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

17.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!
ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam

Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на последното Светско првенство.

За нас оваа вест е интересна зошто на 3-ти октомври во меч од рамките на Б Лигата на Нации, селекцијата на Шкотска гостува во Скопје.

Инаку Покоњоли досега во својата тренерска кариера ја водел екипита на Унион Сен Жил, како и младинските тимови на Генк, како и младински селекции на Белгија.

Кога сме кај Македонија, да кажеме дека нашата селекција е во групата 1 во Б Лигата на Нации заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата