Шампионот се распаѓа – Ливерпул стои и гледа ЧЕТИРИ натпревари од Премиер лигата!

25.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шампионот се распаѓа – Ливерпул стои и гледа ЧЕТИРИ натпревари од Премиер лигата!
Фото: Ливерпул Х

Фудбалерите на Ливерпул се поразени по четврти пат по ред во Премиер-лигата откако беа поразени од Брентфорд со резултат 3:2 во 9-то коло.

Да им кажеше некој дека откако нивниот тим ќе освои 15 бода од првите пет кола, ќе остане на истата бројка во следните четири натпревари, навивачите на Ливерпул ќе се смееја гласно. Но, тоа е факт. Четврти последователен пораз во домашното првенство и ова откако им беше дадена надеж дека ќе се вратат на вистинскиот пат по победата во Лигата на шампионите над Ајнтрахт.

Аутара донесе преност за домашниот тим уште во 3. минута, на 2-0 зголеми Шаде во 45. минута. Ливерпул успеа да ја намали негативата со голот на Керкрез во петтата минута од судиското продолжение. Тијаго со гол во 60. минута од белата точка зголеми на 3-1, Салах во 89. минута ги постави конечните 3-2.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата