Серијата продолжува: Виљареал си гази, совладан и Елче на гости!

3.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Серијата продолжува: Виљареал си гази, совладан и Елче на гости!
ФОТО: Villarreal CF/FB

Жолтата подморница“ си гази. Вечерва дојде до четвртата победа во низа на гости.Во натпреварот од 18-то коло од шпанската Ла Лига, Виљареал славеше кај Елче со 1:3.
Со оваа победа, Виљареал се искачи на третото место на табелата со 38 бода, додека
Елче останува на деветтата позиција со 22 освоени бода.
Виљареал одлично го започна овој натпревар и се чинеше дека ќе имаат полесна работа. Во седмата минута, гостите ја освоија топката во средината на теренот, по што следеше брза акција преку Микаутадзе кој асистира за Молеиро, а тој шутира косо од левата страна по земја кон спротивниот агол и му носи водство на Виљареал – 0:1.
Само шест минути подоцна, голманот Пења повторно беше
совладан. Сличен развој на настаните како и со првиот гол. Гостите повторно успеаја да ја освојат топката во центарот на теренот и да започнат напад кој овој пат траеше малку подолго, а на крајот, Пепе ја испрати топката до Микаутадзе, кој влезе во шеснаесетникот и косо од десно, ја погоди мрежата од околу 12 метри за 0:2.
Но, домашните брзо се опоравија од тој почетен шок и на крајот од првиот половина час
преку Нето намали на 1:2.
Надежите на екипата на Елќе дека можат да избегнат пораз траеја до 83-тата минута, кога Кардона испрати долга топка до Педраса во неговата половина од теренот, кој влезе во шеснаесетникот и постигна гол од работ на шеснаесетникот за конечни 1:3.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата