Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Се одмотува клопчето: Нагелсман доби отказ поради својата девојка?!

24 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бурата со смената на Јулијан Нагелсман од кормилото на Баерн (М) не запира. Дел од германските медиуми вечерва објавија дека една од главните причини за смената на младиот 35-годише стручњак е неговата девојка.

Според информациите на добро упатени извори во клубот, откако поранешната новинарка на „Билд“, Лена Вурценбергер (30) влегла во врска со Нагелсман, сериозно се сменила атмосферата во соблекувалната на Баварците. Таа своевремено беше задолжена за известување од настаните во Баерн и честопати објавуваше и „пикантерии“ од соблекувалната на тимот.

Играчите не ја примиле добро веста за врската која Лена ја има со нивиот тренер, што предизвика недостиг на доверба бидејќи играчите не можеле веќе слободно да комуницираат во страв нешто да не „протече“ на страниците на „Билд“.

За да биде работата уште полоша, Нагелсман на сред сезона пред неколку дена си заминал на скијање со својата девојка и му дал одмор на тимот по поразот од Баер Леверкузен, што го разлутило раководството, кое ја донесе оваа одлука вчера.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ