Саша Илиќ повторно си поднесе оставка, Партизан ќе бара нов тренер!

25.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саша Илиќ повторно си поднесе оставка, Партизан ќе бара нов тренер!
ФОТО:.facebook.com/FKPartizanBG/

Саша Илиќ одлучи да се повлече од функцијата главен тренер на Партизан по поразот од Чукарички со 0-2 во 13-то коло од српската Суперлига. Како што објави „Спортски журнал“, легендарниот фудбалер на „црно-белите“ ја донесе конечната одлука по новиот неуспех и е подготвен да се повлече од тренерската позиција. Партизан претрпе уште еден болен пораз пред своите навивачи, а по натпреварот Илиќ не се појави пред телевизиските камери, ниту даде никакви изјави во мешаната зона. Неговото отсуство дополнително ги разгоре шпекулациите за неговото заминување од клупата на клубот од Хумска улица.
Ваквиот развој на настаните доаѓа откако Илиќ неодамна откри дека веќе двапати поднел оставка оваа сезона. Сепак, во двата случаи, тој остана на својата позиција поради поддршката и инсистирањето на навивачите и раководството на клубот.
Се очекува раководството на Партизан во недела да разговара со Илиќ за да се обиде да најде решение за новонастанатата ситуација. Останува да се види дали „црно-белите“ ќе можат да го убедат повторно да се предомисли, или клубот ќе мора да бара нов тренер.

Засега нема официјална потврда од Партизан за прекин на соработката, но информациите објавени од „Спортски журнал“ укажуваат дека Илиќ е цврсто решен во намерата да ја напушти тренерската клупа.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата