Реал Мадрид одлучил да ја активира клаузулата за откуп на младиот шпански дефанзивец Хакобо Рамон од италијанскиот Комо, за сума од осум милиони евра. Сепак, неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“ не значи и дека сигурно ќе остане во мадридскиот клуб.
Според информациите на новинарот Матео Моретo, Реал планира да ја искористи можноста за повторно ангажирање на 21-годишниот стопер. Рамон во јули 2025 година замина од мадридскиот клуб во Комо за 2,5 милиони евра, но во договорот беше вметната клаузула што му овозможува на Реал да го врати за однапред утврдена сума.
По реализацијата на откупот, мадридскиот клуб ќе треба да одлучи што е најдобро за понатамошниот развој на дефанзивецот. Една од можностите е Рамон да остане во Реал и да се бори за место во првиот тим, додека друга опција е да продолжи кариерата во англиската Премиер-лига, каде што, според истиот извор, за него постои интерес од неколку клубови.

