Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа, но не може Ланс. Имено овој тим минатата сезона беше подобар во финалето на Купот на Франција, а еве вечерва успеа да ги победи “светците“ во Суперкупот на Франција и тоа со голот на Таувин во 32.минута. Фактот дека играа на својот стадион, воопшто не го намалува феноменалниот успех на Ланс.
Секако дека ПСЖ имаше шанси, имаше и зицери. Просто неверојатно е што се промашија Дембеле и остнатите ѕвезди на актуелиот европски и француски првак.
Некој ќе каже, неважна работа е Суперкуп, но ако се сеќаваме како се радуваа Луис Енрике и неговите фудбалери пред некој ден во Салцбург кога ја победија Астон Вила и го освоија трофејот во Суперкупот на УЕФА, тогаш јасно е дека и тоа како ова не го очекуваа.
На крајот да кажеме дека Ланс играше со играч помалку од 39.минута кога беше исклучен Антонио, додека во самиот финиш на средбата исклучен беше и Мендеш од ПСЖ.

