Салети добива екстра засилување: Германец во нападот на Јувентус?!

31.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салети добива екстра засилување: Германец во нападот на Јувентус?!
фото: JuventusFC (X)

Јувентус беше доста активен во последните денови од преодниот рок. Играчот за врска Папе Матар Сар пристигнува од Тотенхем, првично на едногодишна позајмица, со откуп што може да стане задолжителен во износ од 30.000.000 евра. За тоа ќе биде потребно Сар да одигра 50% од натпреварите и Јувентус да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Но, Сар нема да биде единственото засилување на Јувентус до крајот на денот. Познато е дека целта е Џошуа Зиркзе, но сега се појави – Ник Волтемаде! Германецот флертуваше со Наполи во претходните денови, Масимилијано Алегри сакаше да го доведе на позајмица, исто како и Јувентус. Јасно е дека Германецот беше платен 90.000.000 евра од Њукасл минатото лето, финансиски недостижно за италијанските клубови, па затоа позајмицата е единствената опција.
Лучијано Спалети им кажал на раководството на клубот дека Волтемаде е идеалниот напаѓач покрај Рендал Коло Муани, што значи дека Џонатан Давид ќе добие дозвола да оди на позајмица во Атлетико Мадрид.
Финансиските детали не се познати, но нема многу време.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата