С.Ирска ги шокираше трагичарот Кварацкелија и другарите, Ерменија победнички против Летонија

25.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
С.Ирска ги шокираше трагичарот Кварацкелија и другарите, Ерменија победнички против Летонија
ФОТО:facebook.com/northernirelandnationalteam/

Репрезентацијата на Северна Ирска ја победи грузиската репрезентација во Тбилиси со резултат од 1:0 во натпреварот од првото коло од Б дивизијата на Лигата на нации.
Многу пати досега, Квича Кварацкелија го радувал својот тим и народот со одлични настапи во дресот на репрезентацијата, но вечерва сепак имаше улога на трагична фигура.
Ѕвездата на Пари Сен Жермен имаше идеална шанса да му донесе водство на својот тим во 65-тата минута кога судијата Гринфелд досуди пенал по прекршок на Болард во шеснаесетникот на Северна Ирска. Кварадона ја презеде одговорноста, но неговиот пенал беше одбранет од Прајс Чарлс, додека суров пенал следеше длабоко во судиското продолжение.
Беше осмата минута од судиското продолжение кога братот на Пирс, Шеј Чарлс, ја затресе мрежата на Мамардашвили и ги шокираше домашните навивачи во Грузија.
Во исто време, селекцијата на Ерменија славеше во Ереван против екипата на Латвија со резултат од 2:0 во натпреварот од првото коло од Ц дивизијата.
Домашниот тим остави подобар впечаток и заслужено славеше со голови во првото и второто полувреме.
Ерменците поведоа со голот на Георги Харутјунијан во 31-та минута, а конечниот резултат го постави Артур Гарибјан во 75-та минута од натпреварот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата